МАРТИН ТРИУМФИРАШЕ ВО АВСТРИЈА

Параглајдерство

Се врати во форма најдобриот македонски параглајдерист Мартин Јованоски (Делта клуб). Тој триумфираше во прецизно слетување на Светскиот куп во Стубаитал, Австрија. Имаше најдобар резултат меѓу 51 учесник од 14 земји. Во конкуренција на тимови меѓу 17, неговиот, заедно со татко му Миле, Словенецот Сволшак, Србите Ѓурковиќ и Новак, е на одличното второ место, зад Јагабаба (словенечко – српско – индонезиски), пред Кања (српско – словенечки). Се развеа македонското знаме во срцето на Алпите и Европа и силно одекна македонската химна на планински врвови од 4000 метри – изјави Јованоски. Јованоски пред седум дена беше трет на Меѓународен турнир во Бугарија.

Loading