ВИТА СТАВА ЗА МИС

Лилјана Илиеска, манекен

Лилјана Илиеска е млада прилепска талентирана девојка, веќе студентка на прва година на Економскиот факултет во Скопје. Не ја интересира само економијата, туку и манекенството. Ужива кога е на пистата. Моментно е во Италија, во Рим, на учество на изборот за убавина Мисс моторс 2010 година, кој ќе се одржи на 12 октомври. Кон крајот на месецот заминува за Турција, во Измир, да ја претстави македонска раскошна убавина на избор за убавина и на неколку модни ревии. Се прослави со бројни награди. Во Италија, во Пескара освои прва награда во конкуренција на убави девојки од Хрватска, Србија, Црна Гора, Италија, Македонија. Одлично мина и во Хрватска и во Бугарија. Од Хрватска носам најубави спомени. Во конкуренција на 15 учеснички од повеќе европски земји, го освоив првото место. Бев прогласена за Мис Адриатик – Европа за 2010 година. Бев и “Мис Марина фрапа”, награда што ја додели организаторот на изборот. Во Бугарија, во приморскиот град Созопол во 2009 година бев прва придружничка во конкуренција од учеснички од 35 држави, меѓу кои од Шпанија, Јапонија, Малта, Куба, Украина… – раскажува Лилјана. Се чувстува величенствено кога ја прогласуваат за убава девојка. Беше о незаборавно, за паметење. Горда бев, затоа што се спомнуваше името на Македонија – додава таа. Да се биде манекен според неа, значи да се одржува вита става. Секогаш се внимава на одржување на витата линија, да се внимава на изгледот, стајлингот… Кај нас манекенството повеќе е хоби, отколку професија барем засега. Почнав со факултетот и немам слободно време. Учам и сум манекен. Потребна е голема жртва да се постигне успех – додава Илиоска. Со манекенство се занимава две години. Ж елба í е да стане позната актерка. Кога сум на пистата се, чувствувам сигурна, самоуверена. Уживам на настапите надвор од Македонија – истакнува младата манекенка.

Loading