ДОАЃА ЛЕГЕНДАРНИОТ РАБОТНИЧКИ

Кошарка

Конечно Прва лига во градов. Утревечер (19 ч.) во Универзална, стартот е како порачан, Ултимејт баскет игра со најзвучниот ривал – Работнички. На дело репрезентативците Симиќ, Блажевски, Стефанов, Гоцевски, Мираковски… Не се предаваме, иако противникот е фаворит. Со “шестиот” играч – публиката, можеме до подвиг – велат од У. Баскет. По назначувањето на тренерот Панче Милевски, повратник од Косово, со помошникот Сашо Костоски, Управата прибра играчи. Предвидени е да се приклучат уште петмина на домашниот Николоски, битолчаните Ѓорѓиевски и Петровски и гостиварските браќа Јанески. Дојдоа Божиќ, Лазиќ ( Србија), Ќурчиев, Кобаул (Пелистер), Михајловски ( Овче поле) и Конзулов(Торус). Не сме лесен залак – сметаат во клубот. Ултимејт Баскет е првиот прилепски прволигаш по долги 17 години, кога во елитата беше 11 Октомври.

Loading