ОХРИД КАПИТУЛИРА ПРЕД 3000 ГЛЕДАЧИ

Фудбал: В недела ново дерби на 11 Октомври

Доаѓа второпласираниот и неопходна е поддршка од трибините

 

Влезот е слободен за новото дерби на второлигашот со прволигашки амбиции, 11 Октомври. В недела (15 ч.) доаѓа три места погорепласираниот, вториот Охрид 2004. Трите бода полесно се освојуваат во сојуз со 3 илјади навивачи на стадионот “Гоце Делчев”, каде Играме за публиката. Трибините се полнат со серија успеси. Секој меч го сметаме за дерби, оти во лигата секој секого може да победи. Имаме мотив за скок меѓу трите водечки на табелата – порачува Николче Здравески, тренер.       Доаѓа солиден противник. Респектиран е по четирите победи, реми и само еден пораз. Летоска го доби пријателскиот дуел во Охрид со 2-0, но тоа не е мерило. Од тогаш се изменија составите, формата… Секоја чест за ривалот, со искусните Ѓорески и Нически. Но, мојот тим е најквалитетен во лигата. Тоа очекувам да се потврди задутре – истакнува Здравески. Одбраната на 11 Октомври е бетонска со голманот Коруновски, стоперите Данилов и Мирчески, а проработи и нападот со Димитровски, Гешоски и Мојсовски. Формата е подигната. На тестот во Новаци домаќинот беше совладан со 0-2, а тоа е добра најава за в недела. Препознатливи сме по офанзивата од која нема отстапка. Атакуваме на трите бода – најавува Здравески. Во составот неизвесен е капитенот Кулески, кој има повреда на главата. Алтернативата е меѓу 25 првотимци.

Во средниот ред конкурираат Петрески, И. Мирчески, Дунимаглоски, Пројков, Ацески… Знаеме колку вреди Кулески, но ако мораме, ќе најдеме замена. За секое место има соодветни кандидати, кои ќе “гинат” за триумф – заврши Николче Здравески.

Охрид доаѓа со Гоце Маркоски

Залетаниот тим на Охрид доаѓа со познати имиња. Спортски директор е Гоце Маркоски, долги години фудбалер на Победа. Во играчкиот кадар, покрај Сашо Ѓорески и Антонио Нически, е голманот Димитри Карамачоски, играчот за врска Александар Бакулески, напаѓачот Игор Клечкароски. Тренер е Зоран Ѓоревски – Џајо.

Loading