МЛАДОСТ ЈА ЧЕКА ВИКТОРИЈА

Третолигашко дерби во Кривогаштани

Пресметка во Третата лига – Југ. В сабота (15 ч.) во Кривогаштани, третопласираниот Младост на Трајче Илиоски го чека лидерот, Викторија на Кире Овезоски. Честитки на Младост за успесите, ќе биде силен ривал. Наша цел е да покажеме допадлива, фер игра, а подобриот нека победи – рече Овезоски. Претходно, Младост победи во Возарци со Ц. Река (1-3), а Викторија со 6-0 го доби Илинден. Очекувам добра игра пред многубројната публика – дополни Христијан Јанкулоски, играч на Викторија. Останати: Бабуна – Млекар, Корзо – Борец, Г. Коњари – Вардар, Партизан – Кожуф. Претходно: Вардарски – Партизан 7-2, Кожуф – Г. Коњари 2-1, Вардар – Корзо 2-1, Млекар – Превалец 5-0.

Loading