МАГДИНЧЕВ ЗА ЕВРОПА

Ракомет: Трет тренер за шест месеци во Жито Прилеп

Нов тренер, женскиот ракометен суперлигаш Жито Прилеп е Ристо Магдинчев. Тој беше неодамна кандидат за селектор во женската сениорска репрезентација, докажан на Балканот, Швајцарија, Франција и Катар. Тој е трет стратег во Жито Прилеп во последните шест месеци, по Рубин Кузманоски и Жане Дисоска. Дисоска во средата беше последен пат на клупата на дербито дома со велешки Леов бартек ( – ). Таа ја одигра улогата на прва жена тренер во Прилеп. Меѓутоа, амбициите на клубот, под спонзорство на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, се пораснати, така што, по многуте квалитетни засилувања, не изненадува ангажирањето стручњак со интернационално искуство. Во февруари предизвик е Евррпа и вториот настап во купот Челенџ. Магдинчев дебито на клупата го најавил во петтото коло, во Гевгелија.

Loading