СПРАВИТЕ СЕ КРШЕЛЕ ПРИ ПРЕМЕСТУВАЊЕ

Гимнастика

Секој ден, безмалку 365 пати во годината, се преместуваат гимнастичките справи при што се кршат. Според Душко Илиоски, вработен во објектот 26 години, справите се толку тешки што сам одвај ги пренесува од големата сала во магацинот. Така настанувало кршењето. Нека види кој сака, дали оваа тонажа може да се крева, а не да се пренесува. Ми помагаат од одбојкарскиот и боди билдинг клубот, но претешко е. Гимнастичарите ги внесуваат, јас ги изнесувам – вели Илиоски. Тој е револтиран. Работел бесплатно, особено последните пет години. Апелира да се среди состојбата, да има некаков договор и трудот да му биде платен. Без пари повеќе не може. Барам некаква сатисфакција. Нека ми даваат барем по три илјади денари месечно од членарината, оваа мака ќе ја издржам на 61 година – порачува Илиоски. Во меѓувреме, Дино Бошњак на тромечот “Македонија – Србија -Словенија” во Битола беше одличен, трет.

Loading