ФАБРИЧКИ ОЏАК БЕЗ ЧАД

Два оџаци од фабрика Партизан, некогаш чаделе при изработка на термо печки од специјална дијатомејска земја која со вагончиња се носела од рудникот кај селото Манастир во Мариово. Ситно зрнеста песок, пропуслива, со силициумска материја, имала висок степен на апсорпција и мала спроводливост на топлина. Таа материја донесена со живачница над 30 километри, се оформувала, се печела и се претворала во термоизолациски тули за печки и котли за железарници и термоцентрали, каде температурата минува илјада степени. Партизан банкротира одамна. Останаа само спомените на луѓето на никнувањето на оџаците пред 60 години, кои најавуваа индустриски бум. Оџаците се градени со специјални тули. Во форма на вртлог, широки се во основата, а потоа се извишуваат и се стеснуваат кон небото. Високи до 40-тина метри. Оџакот не испуштил црн чад одамна, иако пред десетина години имаше идеја да живне нешто. Во дворот сега има разно-разни фирми. Но, тоа не е сигнал на ,,машинеријата,, и печките.