ЅЕВГАР ПИПЕРКИ И АЛИШТА НА БАЛКОН

Необичен балкон. Налик на сушалница. Наџиџани како на рамки на ѕидот, црвени ѓердани од нижани пиперки, кои се дружат со бели парталчиња облека наредена на жиците да се исуши. Мирисот на алиштата детергентите може ќе и даде необичен вкус на пиперката, која во зима толчена со компир или миксирана е уникатен специјалитет. Прсти да излижеш кога ќе подгорчи во устата запржената пиперка во масло да крцне како додаток на некое јадење. Бројниве низи обично завршуваат на европските ,,пазари,,. Македонциските гурбетџии ги “увезуваат” од нашите пазари по 350 денари низа. А таму, некои ги шиткаат за 15 евра. И ,,нормално,, ќарат. Математиката вели, транспортни трошоци, плус “царини” и мала добивката, но голема идејата, грижата. Можеби домаќините ќе направат некоја манџа од родниот крај со црвена пипер за запршка.

Loading