ЗГАСНУВА КЛУБОТ “3 НОЕМВРИ”

Атлетика

На повидок е згаснување на атлетскиот клуб “Трети ноември”. По 45 години постоење, тренерот Ѓорѓи Гешоски навестува крај. Заминаа сестрите Ристески, Митроска. Продолжуваат во Скопје на факултети. Јанкоски пак, сака да биде фудбалер. Останав со неколку пионерки. Време е да се повлечам, а наследник не гледам. Никој не сака да се мачи во спорт каде не се плаќа трудот – вели Гешоски. Тој е спортски тренер со најдолг стаж, незаменлив 45 години во “3 Ноември” плус претходно пет во СД “Победа”.

Loading