СТАРАТА ПОБЕДА РЕМИЗИРАШЕ

Победа, суспендирана од ФИФА, одигра втор пријателски меч. На спортскиот центар изваде реми (2-2) со комбинираниот, млад состав на второлигашот 11 Октомври. И првиот дуел со истиот ривал, одигран летоска, заврши 1-1. Имаме право да играме пријателски. Легендарниот, најсакан клуб, мора да живее во надеж дека скоро ќе се избрише казната – вели Марјан Стојкоски – Манта, поранешен репрезентативец. Во тек се активностите за организација на турнир, со кој ќе се одбележи патронот и празникот 11 Октомври.

Loading