Трета лига
Во Третата лига – Југ меѓу кандидатите за врвот се наметнува кривогаштанска Младост. Претставува Б – тим на 11 Октомври со осум засилувања. Предводен од Трајче Илиоски е препороден и нареди четири победи во пет кола. Сега е на четврто место, зад Бабуна, Викторија и Ц. Река. Во неделата падна Велес Т. со 3-0, а задутре е гостувањето на Ц. Река во Возарци, каде “исплива” Викторија со 1-2. Недела (15 ч.): Викторија – Илинден, Вардарски – Партизан, Кожуф – Г. Коњари, Вардар – Корзо, Млекар – Превалец. Претходно: Д. Езеро – Млекар 5-3, Корзо – Кожуф 2-6, Г. Коњари – Вардарски 0-2, Партизан – Илинден 3-0 (сл.).