ПОБЕДА ВО ПРВА МИНУТА

Борење

Боречкиот клуб “7 Мај Леов” освои максимални седум медали на меѓународниот турнир во Урошевац, Косово. Највисоко стаса Теодор Темелкоски, освојувајќи сребро. Беше поразен во финалето. Останатите се закитија со “бронза”, Дино Еленин, Мартин Стојаноски, Дејан Заов, Душко Стојаноски, Андреја Ѓорѓиески и Филип Јованоски, сите со по два триумфа и еден пораз. Мартин Стојаноски имаше одлична борба, прогласена за најатрактивна. Победи ривал од Албанија уште во првата минута, со мајсторски зафат, префрлајќи го над себе – задоволен е Сашо Игнатовски, тренер на “7 Мај Леов”. На турнирот учествуваа 70 борачи од седум клуба, од Македонија, Албанија и Бугарија.

Loading