КРШАТ И КРАДАТ ГИМНАСТИЧАРСКИ СПРАВИ

Гимнастика

Неред во салата на Клубот за гимнастички спортови “Партизан”. Членовите не можеле да го спречат крадењето и демолирањето на справите. Појавата присутна неколку месеци. Жално. Три справи за прескок се целосно искршени, а најновата вреди 4. 000 евра. Исто е со разбојот, а печурките и гумираните патеки се исечени. Дури и 140 литри нафта заштедена за в зима, некој ја истурил. Здрав остана само женскиот разбој. Состојбата е причина Дино Бошњак да се пресели во соседна Битола. Веќе ја напушти прилепската спортска гимназија и запиша втора година во битолското медицинско. Таму ќе тренира, за нашиот клуб ќе се натпреварува – вели тренерот Златко Ангелески. Дали тешкотиите ќе се одразат врз резултатите ќе покаже утрешниот настап во Битола, на меѓународниот тримеч “Македонија – Србија – Словенија”.

Loading