КАДЕТИТЕ НА ТИТУЛА

Блескав старт во Првата лига на кадетите од 11 Октомври. По четири кола имаат само победи и со 12 бода се први. Под нив се фаворитите, Македонија Ѓ. П., Слога, Работнички, Брегалница… Во неделата совладан е Силекс со 5-0. Тимот на Божо Милошески ги има: Талески, Бошески, Илиоски, Паноски, Стојкоски, Наумоски, Стомнароски, Пајмакоски, Тодороски, Тадески, Николоски… Високо котираат и младинците. Со две победи и две реми се трети, зад Ренова и Работнички. Последен пред тимот на Тони Наумоски падна Силекс со 3-0. Одлични се: Ф. Јанкоски, Стеваноски, С. Здравески, Белушанец, Митрески, Илиоски, Касниоски, Димоски, Г. Здравески, Терзиоски, Наумчески, И. Јанкоски… Следен ривал е Турново. Пионерите под водство на Борче Ангелески не паѓаат подолу, први се во регионалната група.

Loading