СЕПТЕМВРИСКА НУЛА

 

Дефект е термометарот пред Комерцијална банка. Очигледно дека на на сонце во септември, апаратот, ако е исправен, не може да кажува дека температурата минус нула степени кога луѓето околу седат под сенките на 28 степени по куси ракави. Не се знае чија е надлежноста за одржувањето на термометарот, кој едновремено покажува време и датумот. За среќа засега точно, да не ги доведува луѓето, особено пензионерите кои најчесто се вртат околу банката. Според она што под електронскиот мерач на температурата стои под него за амблем, заштитниот знак на Комерцијална банка од Скопје, не е тешко да се заклучи дека е сопственост на банката. Неговото одржување “токму” би требало да е во надлежност на Банката. Како и да е, не е добро, електронски термометар сред град, на најпосетеното место, да биде дефект подолго време и да се смеат постителите околу, кога се потат под мишките и бегаат во сенки, а од друга страна да гледаат дека температурата е ни помалку, ни повеќе туку минус нула степени. Ако до денес не го отстраниле дефектот, веројатно прецизните банкари кои работат со децимали, не забележуваат што им се случува под пенџерето. Ако го поправиле, им стои забелешката дека не се баш ажурни.

Loading