ПРЕДИЗВИК БАЛКАНИЈАДАТА

Карате

Викендов претстои меѓународно докажување на Балканијадата во Лутраки, Грција. Настапот е заслужен со најновите успеси. Победите одведоа четворица членови на КК Лукас во составот на младата репрезентација на Македонија: Константин Василески, Александар Николоски, Данче Јаковоска и Зоран Ѓурчиноски. Првите двајца освоија “злато”, вторите “сребро” на државниот натпревар во Велес. Горди на своите каратисти се тренерите Ахил Јаков и Златко Настески. И Бонсаи на Валентина Пурдеска партиципра со “сребрените” Андреј Ѓокцев, Кирил Трајкоски и Михаела Неделкоска, “бронзените” Огнен Тодороски и Александар Стојаноски.

Loading