РИБАР, РИБИ МАМИ ЗА ЗЛАТО

Прилепчанец државен првак во риболов

Златен медал за ЗСР ,,Пец – Пец,,, а со злато и бронза се закитија Цветкоски и Петрески 

 

Интересна е приказната за рибарите. Секогаш го тргаат, тргаат конецот од јадицата. Тој се ниша…а, може и нешто ќе се фати. Сашо Цветкоски, деветгодишен рибарски репрезентативец, успеа да улови доволно количество риби кој му го обезбеди пиететот државен првак на Македонија поединечно, во дисциплина лов со јадица на пливка. Среќен е што ,,Пец Пец,, го зазеде државното злато во 2010 година, на натпреварот на Вардар, кај Неготино.И Тони Петрески се закити со бронза, на последното коло од првата македонска лига во риболов. Да се измами рибата, важна е прихраната и поволните температурата на водата и воздухот. Треба и чувство и знаење на каква храна, мирис ќе се фати рибата. Натпреварувачите индивидуално фрламе храна по наш избор со која мислиме дека треба да се прихрани кругот за ловење. Некои натпревари се и со прихранување со иста храна. Потоа три часа уживаме во друштво на јадицата, трпеливо чекајќи нешто да се фати и да се зголеми грамажата на уловот, зашто грам носи бод – кажува Сашо Цветкоски.

Добро накалапен за рибар, “наоружан” со добра опрема, горд е што и синот Пеце е со јадицата в раце. Со риболовните натпревари ги прошетал Италија, Белгија, Словачка, Чешка, Германија. Се подготвува да ја претставува репрезентацијата и градов на натпревар во БиХ, а екипно со ,,Пец Пец,, ќе оди на европски интернационален клуб. Впечаток ми остави Франција. И рибата – деверика, која со мамка ја ловев. Тоа е специфична риба што расте до три килограми, слична на црвеноперката или попадиката – објаснува Сашо Цветкоски. Преокупиран е со рибарски мегдани. Не е имун и на слободниот риболов. Знае со пријатели да се одмори крај вода со јадицата, низ разговор. Веројатно паѓа по некое рипче печено на скара и освежување со камен ладно шише пиво.

Loading