ВИКТОРИЈА ВО ВОЗАРЦИ

Трета лига

Во Третата лига – Југ в недела (15, 30) се игра 5. коло, а Викторија игра дерби кај Црна Река во Возарци, Кавадаречко. Домаќинот е лидер, гостинот втор и претстои неизвесност. Крај игралиште ќе навиваат педесетина “мајмуни”. Ривалот е солиден, има играчи од Тиквеш. Имаме неколку повредени, Карчески, Трајкоски, Здравески. Се врати Ѓорески од Холандија. Со добра игра одиме на позитивен исход – изјави Кире Овезоски, тренер на Викторија. Останати: Младост – Велес Т., Д. Езеро – Млекар, Корзо – Кожуф, Г. Коњари – Вардарски и Партизан – Илинден. Претходно: Викторија – Партизан 5-2, Илинден – Г. Коњари 3-0 (сл.), Вардарски – Корзо 2-0, Млекар – Младост 2-4.

Loading