УСПЕШЕН КОНЦЕРТ НА НИКОСКА И РУВЧЕСКА

Младата виолинистка Софија Никоска и пијанистката Мелани Рувческа имаа успешен концерт во ЦК “Марко Цепенков”. Многу вдахновено, професонално исполнија дела од Бах и Брамс. Младата 19 годишна Софија Никоска музичкото образование го започнува од шест години, а Рувческа веќе е дипломиран професор и магистер по пијано од Загребската академија. Двете имале успешни настапи во земјата и странство. Ова им беше прв заеднички настап.

Loading