ПРИЛЕПСКИТЕ КНИЖНИ ИКОНИ ВО РИЕКА

Риечката јавност се запозна со раритетните графички листови од 18 и 19 век, единствени од ваков вид на Балканот, што се дел од збирката на прилепскиот Завод и Музеј. Претставени се 33 графички листови или популарно наречени книжни икони. Изложбата е поддржана од Министерството за култура. Ризницата од ретки книжни икони ќе биде претставена и во хрватскиот град Лудбрег. Графичките листови потекнуваат од манастирите Хиландер, Иврион, Зограф, од Света Гора. Автори се Џулијано Зулијани, Захариј Орфелин, Партениј Закинтос, Тома Сидер Пенто, Антим и други. Печатени се во Виена, Венеција и на Света Гора. Претставени се чудотворни ликови на светители, религиозни композиции и композиции на манастири. Околу 200 книжни икони случајно беа пронајдени при реконструкцијата на покривите на црквите “Свети Димитрија” и “Свети Благовештение”. Околу 40-тина се реставрирани и се вистинско богатство на прилепскиот музеј. Дел беа претставени и на изложби во Њујорк.

Loading