СИМПОЗИУМ ЗА ОБРЕМБСКИ

По повод 30 години Институтот за старословенска култура

За 30 годишнината од основањето на Институтот за старословенска култура и 105 години од раѓањето на Јозеф Обрембски, деновиве во селото Самоков кај Македонски Брод се одржа меѓународен симпозиум на кој учествуваа научници од земјава и од Полска. Се говореше за обемното творештво на Обрембски, како структуралист и функционер, погледите на бракот и семејството во Порече и за новиот културен идентитет. Беше отворена и етно изложба, а беа презентирани и фотографии кои научникот ги фотографирал при истражувањата во Порече. Институтот за старословенска култура симпозиумот го организираше во соработка со Институтот за славистичка филологија при Универзитетот “Адам Мицкиевич” од Познан, Полска и со поддршка на Министерствата за култура и за образование и наука.

Loading