Ракомет
В сабота (18, 30 ч.) во Универзална е пелагониското машко ракометно дерби, РК Прилеп – Пелистер. По поразот од Борец во Велес (31-30), во солидна игра, домашните се вадат за пропуштеното. Тренерот Миле Нешкоски смета на голманите Дупјачанец, Соколоски и Митрески, крилата Чадамоски, Петкоски, Чолаков и Макалоски, бековите Ангеловски, Стојаноски, Бозароски, Пирганоски и Локвенец, пивотите Лашкоски, Трајкоски и Тренчески. Битолчаните посакува нов успех, оти доаѓаат со три бода од претходното коло, по триумф над Куманово со 25-24. В сабота (16,30 часот ) возбудувањата предходат во сала “Македонија”. Таму Жито Прилеп на Жане Дисоска, по дебаклот од Металург (37-17) со обврска да се покаже против струшки ФОН Универзитет.