ДЕНЕСКА РАЗВРСКА

Кошарка

Ултимејт баскет се уште се надева на членство во Прва лига. Клучен е последниот ден за уплата на котизацијата од 150 илјади денари, услов, кој доколку не го исполни некоја од прволигашките екипи, ќе се отвори место. Подготвени сме да платиме веднаш. Евентуална покана од КФМ за настап во прволигашкото друштво, сигурно ќе ја прифатиме – велат од У. Баскет. Се размислува за две – три засилувања. Дел од ланските играчи, Даниел Захариевски, Даниел Калов и Трајче Нацески, можно е да ги продолжат договорите ако биде прволигаш У. Баслет. Заминаа Зоран Петковски во Пелистер и Санди Мухаџиќ во Босна, а остануваат браќата Славиша и Бранко Јанески, Петар Апцев, Мартин Талески, Томче Николоски, Аце Николов и Благојче Ѓорѓиевски.

Loading