“ЛОВ” НА ГРЦИ ВО УРОШЕВАЦ

Борење

Борачкиот клуб 7 Мај Леов, предводен од тренерите Сашо Игњатовски и Александар Стојаноски, викендов е на меѓународен турнир во Урошевац, Косово. Во битки влегуваат јуниорите до 20 години, Мартин Стојаноски, Дејан Заов и дебитантите Душко Стојаноски, Андреј Ѓорѓиоски и Филип Јованоски. Ривали се борачи од Бугарија, Турција, Грција и Албанија. Со душа чекаме да ни падне Грк. Се дава 100 насто за победа – вели Игњатовски.