МАКЕДОНСКИТЕ ИСКУСТВА ПРЕД ФРАНЦУЗИТЕ

Градоначалникот Марјан Ристески, Тони Чатлески, директор ЦК”Марко Цепенков” и Зоран Илиевски, директор на коалицијата на младински организации “Сега” учествуваа на меѓународна конференција за култура во Каен, Франција. Тројцата во вистинско светло ги претставија културата, традицијата и уметноста на Прилеп и регионот, дебатирајќи на работилницата “Проекти и инструменти за развој на културата на одредена територија”. Конференцијата на тема “За културната политика и културната размена” се организира за размена на искуства, културни политики за децентрализација и територијалните предизвици во културата.

Loading