11 ОКТОМВРИ ТРПЕЛИВО КОН ПРВО МЕСТО

Фудбал: Владимир, наследник на Лазе Петрески

Есенва со добри игри во второлигашот 11 Октомври се истакнува 19-годишниот Владимир Петрески, син и наследник е на Лазе Петрески од Славеј, кој долги години дефанзивен халф во Победа. Доби шанса на гости кај Цементарница и шест меча е незаменлив. Го носи товарот, улогата креатор на играта, покрај капитенот Кулески, Ацески, Дунимаглоски… Во силна конкуренција имам доверба кај тренерот Здравески. Средниот ред е битен, тука се добива мечот. За разлика “солистите”, ја предавам бргу топката. Не влегувам во ризици. Тоа може само искусниот Кулески – вели Петрески. Синот на Лазе, наликува на таткото кога ја почнуваше кариерата. Висок, тенок и фер играч. Родителот редовно го следи од трибина. Есенва немам поостри критики, како порано, во младинскиот тим, кога ми забележуваше за трчањето. Сега се чуди од каде најдов толку сила – истакнува Владимир. Следат предизвици за Петрески. Втората лига е блиску до првата со квалитет, интересна. Задоволство е да се игра пред три илјади гледачи. Амбиција е да се надградува и биде подобар секое наредно коло.

Идол му е Шпанецот Чави од Барцелона. Мајсторството е во одземање, додавање, асистенции. Се надевам на прогрес, чекор по чекор. Целта на клубот – првото место. Со трпение и труд можеме да ја оствариме – смета Петрески. По победата над Еуромилк (3-0) в недела е гостувањето во Кавадарци, на вториот Тиквеш. Дербито многу значи. Со триумф залетот се засилува. Летоска Тиквеш го добивме со 1-2. Во нагорна линија сме, Победуваме. Расположението е за “десетка” – заврши Владимир Петрески.

Данилов и Димитровски се враќаат

За неделниот меч со Тиквеш во конкуренција кај 11 Октомври се стоперот Владо Данилов и шпицот Драган Димитровски, кои ”одлежаа” картони. Тимот е комплетен. Ќе има и поддршка навивачката група ”Мајмуни”.

Младинците в сабота

Има фудбал за гледачите и викендов. В сабота (10 ч.) на Спортски центар, пионерите на 11 Октомври играат против Шампион. Има уште два меча на Градски, кадетите (14 ч.) и младинците (16 ч.) против Силекс одат на победи кон врвот на државните лиги.

Loading