ПРОШЕТКА НА ПЕЛИСТЕРСКАТА КИТЕНИЦА

Битолскиот дел, Преспанската котлина и езерото, плодородната рамнина се мамка за туристи, за планинари… Жичарницата, детското одморалиште на Пелистер, хотелот Молика, ретките природни дарби на пелистерската китеница се проверена формула за рекреација и релаксација. Тоа го знаат љубителите на височините. Не им е тешко на планинарите од “Картуш” еднаш годишно да го освојат врвот Пелистер, висок 2601 метри, е трет по височина по Кораб и Титоврв. Планинарите ги “исплакнаа” очите на двете пелистерски езерца. Седумдесеттина, минаа 12 часа пешки, газејќи 26 километри, до врвот Пелистер. Оттаму до селото Ниже поле. А дваесетина рекреативци прошетале до ПД “Копанки” – месност Јоргов камен и Црвени стени, спојувајќи се со групата во Ниже поле.

Следната традиционална прошетка на ЕПД ,,Картуш,, им е на Кораб, како и од село Брусник до Неолица.

ТРОЈЦА ПРИЛЕПСКИ ПЛАНИНАРИ ГО “КУТНАА” ОЛИМП

Тројца прилепски планинари, со колеги од Битола и Куманово го освоија Олимп во Грција. Дваесет и деветтиот августовски ден им донесе успех на полето на нивната рекреација и професионална ориентација. Филип Ковилоски се качи до врвот Скала, висок 2866 метри и највисокиот врв на Олимп – Митикас ( 2918 м.) Врвовите Скала и Сколио (2912 м.н.в) беа лесна “мета” за Влатко Секулоски, а Игор Талески се ‘“испентери” до Митикас, Скала и Сколио.

Loading