“ П Р Е К У О Џ Ј О…!? “

Прилепски мајтапења

Стриковците Рампо и Цане, по некогаш знаат да задоцнат или да не се појават на локациита за драпање. Рампо, Цане, од се натаму да си знајте, ако ве нема три дена на мегданов, че добијате откас, им се закани еден од мустаќлиај на итроманците. Луѓе, не се вели откас, туку отказ, ги коригира стрико Рампо. Баго де, ќе сме добијале отказ, ко шо го вели зборов Рампо. Није не сме на вункци, ние земаме пензија, не земаме и плати и конорари, се спротивставува на заканата Цане. Не се вели вункци и конорари, туку функции и хонорари, луѓе, Цане, ме разбравте или не, ги праша Рампо?!. Море Рампо, и да те разбравме и да не те разбравме нас ни е преку оџојо, баго де. Важно било, ко се вели, а не шо се прај?! Море стриковци, не прајте се на удрени. Од денеска натаму нема трте-мрте. Или че бидите тука или че ви ја дајме покапата… Че си побараме друзи, без чешитлаци дома не не прибира, разберете се ослепаго, вели мустаќлијата! Море луѓе, нас не нема два-три дена, а во земјава од како сме осамостоени многумина со дебели плати И хонорари ги нема со месеци и години, па никому ништо, стопанка му!

Е, тие шо и нема кај одаа, ба муја, а Рампо, го прашаа загрижените? Некој се далдисани по светот, други ги полнат земниците, трети печалат, четврти јадат од спечурченото, ами како…! Шо акат, ај акнале не се вратиле, а оние шо ги пра зимниците средлето, ги пра за да им се најдат во зима, а Рампо? Ебаго де, средлето ги полнеле зимниците, мижи Асан че ти бам, изреагира стрико Цане, небаре не го разбира муабетот! За вакви работи народецов рекол:-… Лаете за да ве ранат! Е, е, има и друг муабет за ваквите рабојче Рампо, да не остане покусо се јави стрико Цане. Уше се вели:- “Рани куче да те лај !”, баго, а Рампо? И така се вели Цане, ама да е скраја од нас. Не го забошотувајте муабето Рампо, Цане, туку кажете кој е кабајт, ослепаго, нервозно прашаа повејќемина? Јонче од Клепач, кој можи друг да биди… Лујџе, не прајте се зашондани, им проштаваат, зато и ги нема, како се вела оние шо не олеснува, тие им гледа низпрсти, стопанка му. Да неје така Цане, до се че и мавне, ами не, си одговори заканувачот кому ушите му се наклапушија од мака, дека за некого имало со торби, за други ниту на пружена рака, баи испустиње, си најде утеха незадоволникот.

 

ДДБ

Loading