Писмово е старо над сто години. Било печат на ангажманот, заслугите и напредокот во областа на трговскиот свет на прилепската фамилија Белазелкоски. Таа уште при крајот на 19 и почеток на 20 век, имала трговски објекти надвор од Прилеп. Развила сопствена трговска мрежа и во Солун. За тоа сведочи сопствениот коверт на семејството и писма со нејзиното име и адреса до коминтентите од секаде, со кои соработувала. Интересно дека покрај на француски, писмата биле и на арапски јазик. Писмото на фотографијата веројатно било наменето за некој соработник од еснафот. Најстарото писмо е Светото. Без разлика дали срочено во Библија, Коран, љубовно, деловно, пријателско… Или, писмениот вод е карактеристичен за надарени интелектуалци, поединци кои со пишан збор, прелетуваат мориња, океани и пренесуваат пораки преку пошта, факс, телеграф, компјутер.