ОРО НА ПЛОШТАД

Публиката уживаше, пееше, а највеселите не издржаа и заиграа оро, слушајќи ја чалгаџиската музика на членовите на “CHALGIJA SOUND SYSTEM” Добрила Грашеска (вокал), Александра Кузман (виолина), Дориан Јовановиќ (ут), Бошко Мангаровски (канон) и Филип Крстески (тарабука, деф и дајре). Покрај ладното време, групата направи вистинска чалгаџиска журка на плоштадот Александрија на завршницата на културното лето. Прилепчанката Добрила Грашеска многу вдахновено, можеби затоа што пееше пред својата публика, ги исполни убавите чалгаџиски песни, меѓу кои Јана, Дафино моме, Подрум одам мајче… Од групата велат дека при крај се со реализацијата на првото ЦД. Наскоро ќе го промовираат,а потоа ќе работат на нови чалгаџиски, сопствени песни.

Loading