ТРОФЕЈ ”МАРИОВО”

Велосипедизам

В среда, 8 септември (12 часот, Реклами) е велосипедската трка ”Трофеј Мариово” од Прилеп до Битола и Витолиште. За сениори, младинци и ветерани должината е 125 километри, за кадети 55. Домаќин е градов и клубот Илинден, кого го претставуваат надежните Иле Крстески и Гоце Радески. Крстески (18) настапи на јуниорската Балканијада во Белград, Србија, каде одлично возеше 55 километри, но поради дефект на велосипедот не ја заврши трката, која е големо искуство за него.

Loading