ПРВ ГОЛ

Фудбал: 11 Октомври по победата на гости

Второлигашот 11 Октомври го постигна првиот првенствен гол сезонава, на гостувањето кај Локомитива, дело на засилувањето Владимир Мојсовски, доволен за триумф од 0-1. Трите бода се зараст на самодовербата и расположението. Тимот вреди по квалитет за повеќе прволигаши. Но, има недостатоци. Можеме уште подобро – вели тренерот Здравески. Играта е подобрена, но има уште простор за надградба. Забелешките се кон непотребното солирање. Има навики за отстранување. Се игра за тимот, а не за себе. Тоа е патот кон успехот. Не е тенис или друг поединечен спорт. Во фудбалот е колективна игра и нема друга филозофија. Имиња не играат. Кој е подобар, тој ќе добие место во составот – порачува Здравески. Коригиран е составот.

Покрај новиот Мојсовски, во првата постава се појави и опоравениот полушпиц Елезоски. Заедно со Гешоски и Димитровски, придонесуваат за поголема конкуренција во нападот, во екипата што негува исклучително офанзивна игра. Кој е во предност нема да се знае однапред. Навивачите се интересираат за новиот Мојсовски од ФК Скопје, кој даде два гола. Претстои пауза до 12 септември и мечот дома со Еуромилк, пополнета со пријателска в недала против Новаци.

Loading