ГЛЕДАЈТЕ ГО ”АНРИ”

В сабота (16 ч.) на стадионот ”Гоце Делчев” е младинскиот прволигашки фудбалски меч 11 Октомври – Скопје. Привлекува внимание поради суперталентите кај домаќинот, голманот Ф. Јанкоски, капитенот Касниоски, полушпицовите Терзиоски и Боцески, а најатрактивен е напаѓачот Ицко Јанкоски. Вреди да се гледа ”прилепскиот Анри”, како влечен за дрес ги претрчува со леснотија сите. Тој е и атлетичар, 100 метри минува за помалку од 11 секунди. Какво чудо, беше далеку назад, а стаса пред сите. Детево треба да игра во прва лига – беа коментарите на гледечите по првиот меч со Вардар. Екипата на Тони Наумоски со фаворитот Вардар изваде реми 2-2. Кадетите на Божо Милошески го совладаа истоимениот ривал со 2-1, а в сабота играат два часа порано со Скопје.

Loading