НИКОЈ КАКО КАЛЕСКИ

Тенис

Кој да го сопре Мартин Калески во тенис за ветерани? Влезе во долга победничка серија. По освоениот турнир во Битола, кога во финале го совлада Златко Иваноски – Цефи, првото место го зеде и на турнирот во Прилеп. Тука во драматичен финален меч триумфираше со 1-6, 7-5 и 10-8 над Златко Палилулески. Следен предизвик е 22 и 23 септември, на силниот меѓународен турнир во Скопје.

Loading