ЧЕТИРИ ТРЕНИНЗИ ВРЕДНИ КОЛКУ 10

Борење

Во боречкиот клуб 7 Мај Леов откриваат тајна, со години чувана. Чудно е како им успева да се доближат со успесите до водечките клубови, ако се знае дека имаат далеку полоши услови. Скопски Хедис и штипски Балканец, поддржани од спонзори и инфраструктурно, држат по 10 тренинга неделно, а ние по четири. Тие имаат свои сали, ние училишна, каде нема повеќе термини, затоа што наставата е довечер, а натаму нема многу време – вели Сашо Игнатовски, тренер, покрај Александар Стојаноски и Илчо Марковски. Нивните борачи се кондиционо послаби и затоа се надополнува на тактичко технички и на издржливост во борба. Ривалите одат офанзивно, со сила. Целта е да го истрошат аутсајдерот. Тука нашите се држат кон крајната линија од кругот, за секоја грешка на залетаниот противник да се исфрли и казни со поен. Кога водиме во првата рунда, добиваме самодоверба, а кај нив е нервозата. Со контри во втората доаѓаме до успех – открива Игнатовски. Последен успех за клубот е повикот на младите Мартин Стојаноски и Дејан Заов во сениорската репрезентација. Таму се спаринг партнери на најдобрите борачи во изборот на селекторот Страшо Глигоров.

Loading