НОВИ СУДИИ

Проширен е списокот ракометни судии од градов. Нови се Маја Опурчакоска, Боби Цветкоски и Зоран Спиркоски. Заедно со останатите шестмина, плус двајца делегати и тројца тренери, успешно ги минаа предавањата за новите правила и тестовите на семинарот во Скопје. Предводници на арбитрите се Горан Ангелески и Рубин Седлоски, суперлигашки тандем. Пред Битола сме и останатите центри надвор од Скопје. Многу напредувавме за неколку години – задоволен е Седлоски, претседател на Судиски збор.

Loading