“КРПЕН ЖИВОТ” ВО СЛОЕШНИЦА

Претставата “Крпен живот” во режија на Владо Цветановски, на прилепскиот театар, автентично прозвучи во селото Слоештица. Публиката на манифестацијата “Славењето на пирејот”, на средсело уживаше во играта на прилепскиот ансамбл. “Падна” смеење и овации од интересните случки, доловени од актерите, а поврзани со традиционалниот живот во македонското село. Се потврди дека играта на отворено предизвикува возбуда. Манифестацијата се организираше четвртпат, во чест на македонскиот писател Петре М. Андреевски, кој потекнувал од Слоештица, демирхисарско.

Loading