Во ЦК “Марко Цепенков”
Изложба на слики од Ита Аџиеска, ќе биде отворена вечерва во 20 часот во ликовниот салон на ЦК “Марко Цепенков”. Прилепчанката, која живее и работи во САД, се претставува со дваесетина слики – масло на платно на тема “Носталгијата за Македонија и модата”. Новите слики се одбележување од првата самостојна изложба пред 18 години. Сега работи за “Мерцедес бенц – модната недела”, во Њујорк. Дипломец е на Стенфорд колеџот за арт и дизајн во Велика Британија и на моден колеџ во САД. Аџиеска имала изложби во Прилеп, Скопје, Њујорк, Лондон, Стенфорд, Нотингем…