ДВОЈНА ПРОГРАМА

Трета лига

Во Третата лига – Југ в недела (16 ч.) се игра 3. коло, а фаворитот Викторија, наместо да гостува, поради недограденото игралиште во Чашка, против повратникот Велес табак, ќе игра во Прилеп. На стадионот ”Г. Делчев” предвидена е двојна програма, два часа претходно се ветераните Победа – Пелистер. Викторија оди според планот, со велешка Бабуна е на чело на табелата со максимални шест бода, бидејќи и во неделата победи, дома против Г. Коњари со 4-0 (1-0), со головите на Петрески од пенал, Карчески и два на Чешелкоски. Тимот на Кире Овезоски е без примен гол, а со дадени пет. Претходно: Партизан – Корзо 1-1, Вардар – Младост 4-2, Млекар – Велес Т. 3-0. Двојки: Ц. Река – Млекар, Младост – Борец, Корзо – Илинден, Г. Коњари – Партизан.

Loading