ЧЕТИРИ УМЕТНИЦИ ЈА НАСЛИКАА “Тајната вечера”

Во манастирот Свети Илија во Мариово


Кристина Малинческа, Александра Богоеска, Ивана Младеновска и Маја Најдоска се сликарките, кои ја насликаа фреската “Тајната вечера” во манастирот Свети Илија, во близина на селото Витолиште, Мариово. Фреската, изработена во просториите на конаците, се смета дека е една од ретките создадена во големи димензии. Донатор е Војо Ушкоски, кој живее во Австралија, а потекнува од Мариово. Беше предизвик и задоволство да се слика фреска долга 3,5 метри и висока два метри. Ја пренесувавме една недела, според оригиналот на Леонардо Да Винчи. Соработката со донаторот ќе продолжи со фрескоживописување во црквата Свети Димитрија – вели сликарот Маја Најдоска. На уметниците не им е прво искуство со фрески. Сликале по манастирите во скопско.

Loading