”ТАЕН” ТРЕНЕР ПРОТИВ ВИКТОРИЈА

Аутсајдерот Млекар од Мало Коњари загуби само со 0-1 од фаворитот Викторија, а една од причините е откриена дури после мечот во Г. Коњари. Имено, ФК Млекар го водел ”таен” професионален тренер, Коле Вецески, кој кришум давал инструкции за време на целиот натпревар. Случајно бев скриен тренер зад објектот, зад голот. Диригирав по мобилен. Не прифатив да го водам официјално клубот, бидејќи чекав понуда од странство. Сепак, на молба понудив помош. Во саботата на табла тероретски ги поставив задачите за играчи двојно помалку подготвени од гостинот. На мечот стасани од берење тутун, одлично беа во формација 4-5-1 – вели Вецески, кој беше тренер на гевгелиски Кожуф и во Грција. В недела, борбениот и чесен тим на Млекар, со Вецески дома го чека Велес табак од Чашка.

Loading