СИВЧО ПРОТИВ ”СВОИТЕ”

В недела (16 ч.) е ново дерби во Трета лига – Југ. На Градски Големо Коњари е гостин на првиот фаворит Викторија. Кај гостите тренер и играч е Горан Тодоровски – Сивчо, последниот стратег на Победа. Практично игра против ”своите”. Не сме оптоварени со големи амбиции есенва. Важно да одиграме добро, а нека победи подобриот – изјави Тодоровски. Во редовите на Викторија владее оптимизам по стартната победа на гости кај Млекар со 0-1, поддржани од 500 навивачи во Големо Коњари. Ривалот го цениме. Фактор сме во коалиција со навивачите кои дојдоа и со велосипеди нé бодрат – рече Кире Овезоски, тренер на Викторија. Останати: Вардар – Младост К., Млекар – Велес Т., Партизан О. – Корзо. Претходно: Младост К. – Кожуф 2-0, Корзо – Г. Коњари 1-0, Бабуна – Партизан О. 7-1.

Loading