БИТОЛЧАНИ ЈА ГЛЕДАА ПОБЕДА, НЕ ПЕЛИСТЕР

Историја

Битолчани, ако симнуваат капа на градов, тоа го прават за фудбалот. низ децениите, со мерак иделе да гледаат мечеви. Се случувал парадокс. Пелистер го оставале да ја гледаат Победа против Вардар, Раднички, ОФК, Будуќност, Земун, Спартак… Битолската управа молеле да не паднат во ист термин кога Победа била домаќин, оти им бегал дел од навивачите. Што е со вас, битолчани? Под Тумбе кафе игра Пелистер, а вие овде? – ги задевале на трибини. Овде е рај, да се изнагледаме втора лига, амбиент, публика. Ова е фудбал. Не е интересно таму, во републичка лига – велеле битолчаните. И денес го паметат најредовниот, Кире Шапкаро. Идел со пријатели од чаршијата. Од Победа знаеле да ценат, ги пуштале бесплатно. Победа во билансот е двојно подобра од Пелистер. Затоа се вели дека Битола има ракомет, но за фудбал отсекогаш признава дека е далеку зад Прилеп – коментираат спортските љубители.

Loading