КРСТЕСКИ ВО БЕЛГРАД

Велосипедизам

Иле Крстески (18) , велосипедистот на ВК Илинден, викендов настапува на јуниорската Балканијада во Белград, Србија. Клубот дава репрезентативец по долги 14 години. Желбата е да се покаже во најдобро издание, на најбитниот овогодишен настап. Тешка друмска, кружна трка од 97 километри. Со 50 ривали, успех е да е меѓу првите десет – смета Драган Димитриоски, тренерот. Управата работи на трката ”8 септември”, кога домаќини се градот и ВК Илинден.