НАЈМЛАДИ ВО А – РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Борење

Голема чест за боречкиот клуб 7 Мај Леов е повикот на младите Мартин Стојаноски и Дејан Заов во сениорската репрезентација. Таму ќе бидат спаринг партнери на најдобрите борачи. Изборот е на селекторот Страшо Глигоров, кој раководи со тренинзите во Скопје, од понеделникот до 8 септември. Подготовките се за Европско. Погласно се зборува дека Стојаноски и Заов паднале в око на легендите Шабан Трстена и Шабан Сејдиу, така што се очекуваат понуди од скопски клубови.

Loading