МАРТИН СО ТРЕТО И 11 МЕСТО

Параглајдерство

Победник на последна петта трка од Параглајдинг претсветскиот куп во прелети, во Крушево, на патеката долга 47 километри, беше Мартин Јованоски, негова втора етапна. Во генералниот пласман му го донесе 11 место, солидно со оглед на тоа што не е негова дисциплина, туку прецизно слетување. Учествуваа 96 пилоти од 14 земји. Многу повисок е пласмнот во бодување за “Македонија опен”, каде Мартин е трет, зад скопјаните Владимир Неделковски и Горан Димишковски. Миле Јованоски имаше удел во беспрекорната организација за клубот ПК Делта заедно со Неар Бирдс од Украина. Наметната е кандидатура за домаќини и на Светски куп.

Loading