СТАРАТА ПОБЕДА СЕ ПОАКТИВНА

Вистинската Победа, која очекува симнување на суспензијата од ФИФА, поддржана од поранешни првотимци е се поактивна. По пријателскиот меч со 11 Октомври (1-1) се бараат други ривали. Планираме серија натпревари. Веќе договараме учесници за турнирот на 11 октомври, во наша организација – вели Марјан Стојкоски – Манта. Од клубот со порака – да се разграничи во јавноста кој е стариот клуб за кого сите навиваа, без оглед што на идентитетот имаат претензија и други. Победа е една, оваа. Немаме ништо заедничко со други, новоформирани. Тука се корените, историјата, спомените, младоста што сме ја оставиле и затоа се ќе направиме клубот вечно да живее – истакнува Манта.

Loading