ПАНДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ И ТРЕНЕР

Корзо победи во Големо Коњари 1-0, со голот на Боби Талески, а заслугата покрај играчите ја има и претседателот Панде Трајчески. Овој неуморен, страстен вљубеник во фудбалот, се нафати да биде тренер, во отсуство на Коста Мирчески. Кога нешто од срце се сака, ништо не е тешко. Играта му ја поставив 4-2-1-3. Сите приоди кон ги затворивме, а во второ полувреме тргнавме и во напади. Дадовме убав гол, одбранивме пенал, а дека заслужено победивме, потврда се честитките од Горан Тодоровски – Сивчо – вели Трајчески. Корзо на чело со Трајчески в недела оди на втора победа, кај Партизан во Обршани.

Loading