БАРААТ ГОЛМАНКА

ЖФК Победа

Блаже Филипоски, тренерот на женскиот фудбалски тим Победа и Зоран Мирчески, секретарот, беа на ракометниот меч Жито Прилеп – Кичево. Меѓу ракометарките бараа голманка за фудбал. Проблем е голманското место. Само Елена Чакмакоска ја имаме, а ни треба барем уште една. По најдобрата Весна Спиркоска и уште неколку кои се определија за судење, тешко да најдеме решение – вели Филипоски. Победа со четири фудбалерки партиципира во сениорската репрезентација на Македонија, завчера во Прилеп поразена од Норвешка (0 – 7).

Loading